english

Купете плац во близината на новиот Ски Центар Кожуф

Продавам плац на кожуф планина во планинското село Бохула. Со идеални услови за изградба на викенд кукиќичка или некој поголем туристички објект со ново создадените услови за туризам со градењето на новиот Ски Центар на Кожуф. Плацот е со големина 9000 м2 со пристапен пат струја и вода.

Ако сте во потрага по идеалната локација за рекреација и одмор планината Кожуф е идеалното место за Вас.

kozufКожуф е исклучителен планински масив кој се издвојува од останатите планини во Македонија бидејќи е првата природна бариера во Македонија која дирекно е изложена на влијанијата на медитеранската и континеталната клима која надоаѓа од егејско море. Тешко е со зборови да се претстави комплетното уживање во зимската снежна прекривка, предизвикот кој доаѓа од чистата природа и ненаситната потреба да се впие што повеќе со сите можни сетила. Незаменлив е пејзажот во мирисните рамки на пролетта, обоен од зеленилото на ретките тревки и шаренилото на украсните цветови, под сенките на раскошните дрвја и нивните плодови. Невозможно е да се одолее на мирисот на свежа роса и морски бранови, ни да се почувствува рамнодушност кон сребрените водопади кои играјќи си со шарените камчиња како случајно да формираат поточиња...
Оваа планинска убавица е накитена со студените, бистри води на реките Дошница и Бошава кои палаво се спротивставуваат на страствените рибари итро криејќи ги безбројните рипки во своите гради.

Досега се откриени само неколку слатководни риби како што се поточната пастрмка, мрена, бојник и клен додека некои видови засекогаш се скриени од очите на луѓето.
Но надвор од немирните води, некоја натприродна, прецизна уметничка рака го обликувала овој масив во полукруг и во длабоките сенки на неговите гори сместила исклучителни видови на животни кои уживаат во мирот на оваа планина. Може да се сретнат полска и горска еребица, дива гуска и шатка, шљука, потполошка, препелица, елен, срна, дива свиња, зајак, мечка, волк, лисица, ласица, дивокоза, змија, дива мачка, јазовец и верверичка, но за широките пејзажи и пространите височини, како низ светот така и над Кожуф, за кралската круна се борат црниот мршојадец, царскиот орел, белоноктата ветрушка и кањата, додека на европско ниво веќе докажани раритети се брадестиот мршојадец, белоглавиот мрш, ргастиот глувчар и обичната ветрушка.

Уживање и релаксација, душевен мир и инспирација, љубов кон природата...тоа асоцира на природата наоколу, на сенките и боите, мирисот и звукот под крошните на дабовите и боровите дрвја кои се беспрекорно раскошни и питоми на планината Кожуф. 
Таму има сe доколку ја сакате природата...
таму добивате сe ако ја имате креативноста...
таму уживате во се доколку сте свесни за сите свои сетила...

 

Google
 
 

 

 


ГАЛЕРИЈА



  • n2