english

Ски Центар Кожуф е лоциран на планината Кожуф во близината на село Бохулa (Боула), на надморска височина од 1500-1700 м, на локалитетот Момина чука со планински врв Зелен брег - на висина од 2208 м, а на 100 м одалеченост од Грчката граница. Комплексот се наоѓа на 40км одалеченост од Кавадарци, 33 км од Гевгелија, 148 км од Скопје, 99 км од Солун, 118 км од аеродромот во Солун.
Во моментов на располагање е асфалтиран пат во должина во 19 км од Гевгелија до с.Коњско, како и недовршен пат од 1,5 км до туристичката населба Смрдлива вода, а во изградба е нов пат во должина со 13 км, кој ќе се протега од Смрдлива вода до комплексот (проект поддржан од владата преку фондот за патишта).
makedonija bohula
Општините Кавадарци и Гевгелија се протегаат на јужниот дел од Р.Македонија и се граничат со Р Грција. Во близина на Гевгелија се наоѓа граничниот премин Богородица-Евзони, на меѓународниот автопат Е-75, и железнички граничен премин Гевгелија-Идомени.
Комплексот ќе биде поврзан со регионалниот пат 112 на Гевгелија (33 км долг), исто така со Кавадарци 40 км, и оттука ќе биде поврзувачкиот спој со други национални и интернационални места-северно од Србија и Црна Гора, источно од Бугарија, јужно од Грција и западно од Албанија, преку интернационалниот пат Е-75 на Р Македонија. Најблиската интернационална железничка станица е лоцирана во Гевгелија и ќе има дневно поврзување со автобуси на ски центарот со железничката станица и граничното место Евзони - Богородица. Ќе има хеликоптерски превоз до аеродромот во Солун, кој е одалечен 33 воздушни милји, а до аеродромот во Скопје 47 воздушни милји, со приближно време на летање од 25-30 минути.


ГАЛЕРИЈА



  • n2